ВАРОШЛИЈА, Ѓорѓи

ВАРОШЛИЈА, Ѓорѓи (Велес, 2. Ⅷ 1947 – Скопје, 28. Ⅰ 2006) – новинар. По студиите на Правниот факултет во Скопје, се вработил во Радио Скопје, во Стопанската редакција (1970). Од соработник до уредник ги поминал сите скалила на професијата. Бил дописник на Дојче Веле и на Радио Слободна Европа и колумнист во повеќе весници. Бил главен и одговорен уредник на Првата програма (1986–1990), а потоа и директор на Македонското радио (1994– 1998). Работел во раководниот тим на Скај нет телевизија, а од 2003 г. е избран за член и потоа за претседател на Советот за радиодифузија на Република Македонија. Ј. Ф.

2019-01-05T19:42:41+00:00 0 коментари