ВАРЛААМ

ВАРЛААМ (крај на ⅩⅤⅠ в.) – охридски архиепископ (1597–1598). Бил приврзаник на идеите за ослободување на поробеното население од османлиска власт. Дошол во Велес и се ставил на чело на бун-тот на месното населние. Бил уапсен и погубен во Велес на 28. Ⅴ 1598 г. Османлиите му ја отсекле главата и телото го фрлиле во р. Вардар, а по пронајдувањето на трупот било погребано во селска црква. По една година велешкиот епископ моштите ги пренел и ги закопал во Охрид. ИЗВ. иЛИТ.: М. Миноски, Непознато житие за Варлаам Охридски како извор за настаните во Македонија од 1598 година, Гласник на ИНИ, ⅩⅩ, 3, Скопје, 1976, 181-190; Ј. Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија /патријаршија/, „Годишен зборник на Богословскиот факултет Св. Климент Охридски“, кн. 8, Скопје, 2002. Ал. Тр.

2019-01-05T19:42:41+00:00 0 коментари