ВАРДАР

ВАРДАР“ (Скопје, кон крајот на 1908 – 31. Ⅹ 1914) – орган на српската национална организација во Скопје. Иницијатор за неговото покренување бил српскиот конзул во Скопје Живоин Балугџиќ. Се застапувал за големосрпските национални интереси. Излегувал со прекини. Поради критиките на власта, бил укинат со решение на министерот за внатрешни работи на Србија Стојан Протиќ. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 256-257; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 42. С. Мл.