ВАРДАРЕЦ

ВАРДАРЕЦ – ветер што дува по долината на реката Вардар од шар Планина и Скопска Црна Гора, од местата со висок воздушен притисок северно од Македонија кон Солунскиот Залив, односно кон местата со низок воздушен притисок над Егејското Море и источниот Медитеран. Дува преку целата година како северен ветер. Најмногу дува во студениот дел од годината. Се одликува со средна годишна брзина во Скопје од 3 м/сец и 5 м/сец во Гевгелија. Максимална брзина достигнува во Штип од 38,2 м/сец. Вардарецот е претежно зимски ветер. Тој е слаповит, сув, прилично студен и одржува ведро време. Постојано носи намалување на температурата и влажноста на воздухот и зголемување на осончувањето, испарувањето и воздушниот притисок.

ЛИТ.: Михаило Зиков, Метеорологија и Климатологија, Скопје, 2000; Ангел Лазаревски, Климата во Македонија, Скопје, 1993; Михаило Зиков, Клима и климатска регионализација во Република Македонија, „Географски разгледи”, бр. 30, Скопје, 1995. М. З.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.