ВАПЦАРОВ, Борис

ВАПЦАРОВ, Борис (Банско, Пиринскиот дел на Македонија, 29. Ⅶ 1915 – Софија, ?) – политички активист, секретар на Обласниот комитет на БКП за Горноџумајска (Благоевградска) об-ласт, брат на поетот Никола Вапцаров. Заедно со брат му бил уапсен (4. Ⅲ 1942) и суден во процесот против Цола Драгојчева, Антон Ѓошев (Југов) и др., а потоа бил спроведен во концентрациониот логор во Ени-ќој (Ксантиско, Грција). По Втората светска војна заземал високи политички функции, а по Резолуцијата на ИБ се експонирал во кампањата за негирање на македонскиот народ и македонската нација. ИЗВ. иЛИТ.: Архив на Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија, Софија, фонд-дело 68-105611; Стефан Николов, шестимата от дело, Но585/1942, София, 1985. В. Јот.