ВАНКОВСКА, Билјана

ВАНКОВСКА, Билјана (Скопје, 14. Ⅹ 1959) – универзитетски професор, политолог. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1982), магистрирала (1987) и докторирала на истиот факултет, на тема „Улогата на вооружените сили во политичкиот систем“ (1992). Избрана за асистент (1983), за доцент (1993), за вонреден (1998) и за редовен професор (2003) по предметите одбранбено право и политички систем на РМ на Институтот за одбрана при Филозофскиот факултет во ВАНОВ Скопје. Објавила поголем број научни трудови од областа на политичките науки и мировните студии. Основната идеја што ја следи е демилитаризираната демократија во РМ и на Балканот. БИБ.: Политичкиот систем, Скопје, 2007. ЛИТ.: Филозофски факултет 1920-1946‡ 2006, Скопје, 2006. Св. ш.

Напишете коментар