ВАНГЕЛОВСКА, Стојна

ВАНГЕЛОВСКА, Стојна (Скопје, 5. Ⅱ 1964) – економист, кошаркар. Завршила Економски факултет во Сараево и Виша тренерска школа во Белград. Играла за пр-Стојна Вангеловска волигашките кошаркарски екипи „Студент” од Скопје (1983/84), „Партизан” од Белград, „Јежице” од Љубљана, „Панатенаикос” од Атина, и „Тиквеш-Флорида” од Кавадарци (1993/94), со кои освоила повеќе државни и куп првенства. Била репрезентативка на Југославија (1980–1990) и 5 години нејзин капитен. За кадетската и младинската репрезентација одиграла 50 официјални натпревари и 250 за сениорската, со кои освоила медали на балканските првенства 9, европските 3, светските 3, универзитетските игри 2 и на олимписките игри 1. Таа е избрана за најдобар спортист на Македонија (1985 и во ⅩⅩ в.). Д. С.