БУЧАЛО

БУЧАЛО -. најдолгата дрвена мелодиска цевка на гајдата. Составена е од три меѓусебно заглавени делови, а на едниот од нив, што влегува во гајдата, наречен пискарче, однатре е прицврстен писка од трска. Таа константно произведува еден длабок тон – бордунира, а се штима со помош на гајдарката. При затворањето на трите горни отвора на гајдарката бучалото произведува за две октави понизок тон од оној на гајдарката. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 98. Ѓ. М. Ѓ.