//БУФ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО

БУФ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО

„БУФ“, ИСЕЛЕНИЧКО ДРУШТВО (Виндзор, Канада, 26 Ⅲ 1944) – друштво на доселеници по потекло од с. Буф, Егејскиот дел на Македонија. Друштвото развивало културни дејности, особено на селските прослави, и ги зближувало доселениците од селото Буф (Леринско). Сл. Н.-К. БУФЧАНСКО ОРО – македонско женско народно оро во метар 2/4, најзастапено во Битолско. Рацете се држат за китките, малку свиткани во лактите, до рамената. Движењата се мирни и елегантни, темпото е умерено, а кон крајот постепено се забрзува. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 56. Ѓ. М. Ѓ.

2019-01-05T19:41:24+01:00 0 коментари