БУФ“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА

„БУФ“, ИСЕЛЕНИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА (Детроит, Мичиген, САД, 1924) – селско спомагателно друштво. Едно од најбројните македонски друштва во САД во кое членуваат доселениците од селото Буф (Леринско), кои се доселиле во САД меѓу првите (на крајот од ⅩⅠⅩ в.). Дејноста ја проширило и во Виндзор (Канада), каде што имало голем број Бувчани, а потоа и во Торонто. Друштвото ја продолжува дејноста. Сл. Н.-К.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.