БУТНИКОШАРЕВА, Нада Николова

БУТНИКОШАРЕВА, Нада Николова (Велес, 27. Ⅰ 1919 – с. Војница, Велешко, 16. Ⅻ 1942) – револуционер, организатор на женското и на синдикалното движење во Велес (1939), член на КПМ (од 1940) и активен учесник во подготовките за оруженото востание (од април 1941). Нејзината куќа била засолниште за голем број илегалци од Македонија и место на првата партиска печатница во Велес. Прогонувана од Бугарите, во 1942 г. заминала во Партизанскиот одред „Димитар Влахов“ и учествувала во повеќе борбени акции. Загинала во судир со бугарската полиција. ЛИТ.: Велес и Велешко во НОВ 1941–1945, Спомен книга, Т. Велес, 1985; Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.