БУРНАЗОВСКИ-МУМУРУЗНИЦА, Киро Тодоров (Куманово, 31. Ⅰ 1907 – с. Бељаковце, Кумановско, 14. Ⅹ 1941) – металски работник, комунистички деец и првоборец од НОБ. Завршил два класа гимназија (1922), а потоа го изучил металскиот занает. Бил секретар на Синдикалната под-ружница на металските работници (1925), член на СКОЈ (1926), член (1928) и потоа секретар на ПК на СКОЈ за Македонија (1929), кога и бил уапсен, а потоа и осуден на 6 години на судењето во Белград (јануари 1930). Казната ја издржал во Казнениот завод во Сремска Митровица заедно со низа истакнати македонски и југословенски комунисти. По излегувањето од затвор (1935), заминал на работа во работилницата на Папа Теодоси во Скопје (1937). Подоцна бил интерниран во концентрациониот логор Меѓуречје кај Ивањица (јануари 1941). Бил борец на кумановскиот Карадачки НОПО (12-14. Ⅹ 1941) и загинал во првата и единствена борба против бугарската војска и полиција. ЛИТ.: Спомен зборник на загинаите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941– 1945, Куманово, 1976, 22-23. С. Мл. Рахим Бурхан

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.