БУРЗЕСКИ, Ванчо

БУРЗЕСКИ, Ванчо (Немањинци, Светиниколско, 2. Ⅰ 1916 – Скопје, 8. Ⅴ 2007) – национален деец, првоборец, економист, унив. професор и амбасадор. Бил учесник во МАНАПО во Загреб и во Белград (1938– 1941) и член на КПЈ (1941). Во НОАВМ бил член на МК на КПЈ во Свети Николе (1941) и организатор на Воениот комитет за Овчеполската околија, секретар на ОК на КПМ во Гостивар, член на Окружниот комитет на КПМ во Тетово, секретар на Првиот областен комитет на КПМ, избран делегат за Второто заседание на АВНОЈ, делегат на Првото заседание на АСНОМ и заменик-политички комесар на дивизија на НОВЈ. По Ослободувањето бил секретар на Комисијата за аграрна реформа и колонизација и помошник на министерот за аграрна реформа и колонизација при Владата на ФНРЈ, началник на Контролната комисија на ФНРЈ, член на Централната ревизиона комисија на КПЈ, министер за земјоделство во Владата на НРМ, министер за стопанство во Владата на СРМ, републички и сојузен пратеник, член на ЦК на КПМ, член на Главниот одбор на ССРНМ и СЗБНОВ на Македонија, амбасадор на СФРЈ во Замбија, професор и декан на Економскиот факултет во Скопје. Носител е на Партизанска споменица 1941. БИБ.: Економика на аграрот (учебник), Скопје, 1959, 1961 и 1973; Извештај на еден пратеник, Скопје, 1976; Титовата творечка примена на марксизмот во современи услови, Скопје, 1977; Увод во научната работа, (учебник), Скопје, 1981; Дијалектиката на Титовото дело, Скопје, 1982; Ефикасна индивидуална наобразба, Скопје, 1983; Еден од генерацијата (сеќавања), НИО „Студентски збор”, Скопје, 1983; Контрапродуктивното значење на Сталиновата парадигма, „Ми-Ан”, Скопје, 2003. С. Мл.

2019-01-05T19:41:23+01:00 0 коментари