/БУНДАЛЕВСКИ, Томислав Рафаилов

БУНДАЛЕВСКИ, Томислав Рафаилов

БУНДАЛЕВСКИ, Томислав Рафаилов (с. Галичник, 30. Ⅳ 1935 – Скопје, 20. Ⅳ 2004) – дипломиран машински инженер. Дипломирал на Машинскиот факултет во Бел-град во 1960 г. По дипломирањето (1960–1976) работел во РЖ „Скопје” – Скопје и во Инженеринг „ФАКОМ” како директор. Во 1962 г. е избран за хонорарен наставник на Електромашинскиот факултет. Во 1981 г. е избран за редовен професор. Држел предавања и на ТФ во Битола (1979–1982). Докторирал во 1981 г. На двапати е избиран за декан на Машинскиот факултет (1983–1986). Во 1986 г. е избран за член на Извршниот совет на СРМ. Во 1984 г. бил на студиски престој во ЕДФ – Франција. Бил член на: синдикалниот одбор на Железарницата, Градскиот комитет на СК – Скопје, Републичкиот и Сојузниот синдикален одбор, Извршниот совет на Собранието на СРМ, Комисијата за нуклеарна енергетика на СРМ, Одборот за енергетика при МАНУ, претседател на Републичкиот комитет за енергетика и др. Сл. А.

2019-01-05T19:41:23+01:00 0 коментари