БУМБАРИЦИ

БУМБАРИЦИ (Бомбѕлиидае) – двокрилни инсекти. Имаат многу влакнесто тело со широк абдомен, по што личат на бумбарите. Одлични летачи. Имаат устен апарат со карактеристично долга и права цицалка, приспособена за исхрана со нектар од разни цветови, околу кои бумбариците лебдат слично на колибрите. Ларвата е паразит на гасеници од некои инсекти. Познат е видот голема бумбарица (Бомбѕлиус мајор Л.). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.

2019-01-05T19:41:23+01:00 0 коментари