БУЛЕВ, Матеја

БУЛЕВ, Матеја (Мати) (с. Екши-Су, Леринско, 1904 – с. Зеленич, Леринско, 19. Ⅳ 1949) – национален деец, мајор на ДАГ. Како член на КПГ (1932) и на Матеја Булев ВМРО(Об), бил познат револуционер во Соровичката околија. Во времето на диктатурата на Метаксас бил интерниран на островот Хиос. Во времето на Втората светска војна бил борец на ЕЛАС. Во Граѓанската војна во Грција бил командант на одред и дејствувал на пл. Радуш. Загинал по успешно завршената шестчасовна борба со владините сили. ЛИТ.: Матеја Булев (Мати), „Глас на Егејците“, бр. 10, Скопје, 2. Ⅵ 1951, 3; Ташко Мамуровски, Светли ликови од Егејска Македонија (1945–1949), Скопје, 1987, 128–134 и 153. С. Мл. Бегалскиот центар Булкес

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.