БУКЛЕСКА, Калиопи

БУКЛЕСКА, Калиопи (Охрид, 28. Ⅻ 1966) – интерпретаторка на популарна музика, автор. Солопеење студира во Скопје, во класата на Благоја Николовски. На девет години победи на фестивалот Златно славејче. Во втората половина на осумдесеттите години од ⅩⅩ век е член на групата „Калиопи” со која учествува на фестивалите во Опатија („Лео”), Љубљана, Сплит („Да море зна”). Извесно време со успех настапува во швајцарија, а од 1996 г. живее во Македонија, каде што оствари богата изведувачка кариера. Ав-тор е на голем број популарни песни, како и на музика за една балетска („Јас Исидора”) и една театарската претстава („Ана Франк”). М. Кол.

2019-01-05T19:41:23+00:00 0 коментари