БУКА

БУКА 1 (род Фагус Л., фам. Фагацеае) – родот опфаќа 9 (10) листопадни вида дрвја (до 45 м високи), распространети во Северната хемисфера. Имаат право стебло со мазна сива кора и со крупни, вретеновидно зашилени папки. Листовите се прости, јајцевидни и мазни. Цветовите се еднодомни и еднополни, собрани во топчести соцветија врз дршки. Плодовите буклинки се сместени во четириделна купола, обрасната со стипули. На Балканот и во нашата земја, е застапена мезиската бука (Ф. моесиаца Цзецзотт.) како планински вид, чии популации формираат посебен буков регион со три појаси (подгорски, горски и субалпски). Мезофилен вид. Таа претставува најважен дрвен вид за македонското шумарство, но нејзиното значење е уште поголемо од еколошки аспект, бидејќи нејзините екосистеми се долговечни, а нејзините функции се пресудни за заштитата и за квалитетот на човековата околина. Ценет вид во хортикултурата како солитер или како алејно дрво. Ал. Анд. 2

БУКА – издлабен голем трупец (олук) по кој се спроведува и паѓа вода од јаз во воденица. Ал. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.