БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА ПРЕМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА И ЗА ДРЖАВЈАНСТВО (Софија, 27. Ⅷ 1947). Со Договорот бил воведен безвизен режим. За патување од едната во другата држава бил воведен специјален пасош со кој не можело да се патува во трети држави, издаван од министерствата за внатрешни работи со клаузула „важи за ФНРЈ”, односно „важи за Бугарија.” Пасошите за југословенските државјани можеле да ги издаваат и министерствата за внатрешни работи на републиките, па според тоа и Министерството за внатрешни работи на Народна Република Македонија. Било регулирано добивањето бугарско, односно југословенско државјанство врз основа на брак меѓу нивни државјани. ЛИТ.: Службен лист на НРМ,108/ 20 декември 1947. М. Мин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.