БУГАРСКО-ЈУГОСЛОВЕНСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, СОРАБОТКА И МЕЃУСЕБНА ПОМОШ (Асеновград, 27. XI 1947). Со него владите на НР Бугарија и на ФНР Југославија, претставувани од нивните претседатели Георги Димитров, односно Јосип Броз Тито, се обврзале на братска соработка и заедничка одбрана на територијалниот интегритет и на независноста (во случај на загрозување или агресија од трета држава), најтесна економска соработка и преземање на сите мерки за подготвување царинска унија; постоботка во сите области на духовната и материјалната култура. Договорот бил потпишан со важност од 20 години. По Резолуцијата на ИБ Владата на НР Бугарија еднострано го раскинала со нота (1. Ⅹ 1949). ЛИТ.: Службени лист ФНРЈ, 4, 1948. М. Мин.