//БУГАРСКО-АВСТРОУНГАРСКИ ВОЕН СОЈУЗ

БУГАРСКО-АВСТРОУНГАРСКИ ВОЕН СОЈУЗ

БУГАРСКО-АВСТРОУНГАРСКИ ВОЕН СОЈУЗ (1915–1918). По започнувањето на Првата светска војна на Балканот Бугарија, номинално неутрална, забрзано се подготвувала за влегување во војна против Србија за завладување на Македонија. Австро-Унгарија ја започнала војната против Србија (29. Ⅶ 1914). Претседателот на Владата на Бугарија Васил Радославов (2. Ⅷ) го известил амбасадорот на Австро-Унгарија во Софија за начелна согласност Бугарија да влезе во војна против Србија. Оддолжувала со пристапувањето до летото 1915 г. за да обезбеди максимални добивки. Бугарија со Австро-Унгарија склучила Спогодба за воен сојуз (24. Ⅷ / 6. IX 1915). Австро-Унгарија се согласила Бугарија да ја окупира и да ја анектира целата територија на Македонија под српска власт, двете зони набележени во Бугарско-српскиот договор (29. Ⅱ–13. Ⅲ 1912) „спорната” и „неспорната.” Во случај на војна со Грција Бугарија да ги окупира и да ги анектира териториите што ги добила Грција со Букурешкиот мировен договор (1913). Австро-Унгарија се обврзала на Бугарија да $ даде (заедно со Германија) воен заем од 200 милиони франци. Прашањето за склучување мир било оставено да се реши со склучување посебна спогодба. Истиот ден во Плес Бугарија, Австро-Унгарија и Германија потпишале Воена конвенција. На 14. Ⅹ Бугарија $ објавила војна на Србија. Бугарските армиски единици го окупирале поголемиот дел од Македонија, до линијата Охрид – Орфански Залив, како и Источна Србија со Косовско-метохиската област, вклучувајќи ја и областа Гора населена со Македонци муслимани. Бугарија останала лојална членка на воениот сојуз до капитулацијата (29. IX 1918) до пот-пишувањето на Конвенцијата за примирје со силите на Антантата. ЛИТ.: Македонија во меѓународните договори Ⅰ (1913–1940), Скопје, 2006; Балкан-ски уговорни односи, (1876–1918), Београд, 1998. М. Мин.

2019-01-05T19:41:21+00:00 0 коментари