БРСЈАЦИ

БРСЈАЦИ (Берзити) – население меѓу Охрид, Прилеп, Велес и Кичево. Се поврзуваат со средновековното словенско племе Верзити (Берзити) што ја населило таа територија. Има мислење дека името било дадено од Мијаците како погрдно, изведено од зборот „брсти”, поради козјиот терен (Б. Конески). Слично име на област и денес постои во Белорусија. Во изворите е регистрирана Брсјачката буна во Охридско и Демирхисарско против османлиската власт (1881). ЛИТ.: Б. Конески, Македонски места и имиња, Скопје, 1991. Б. Петр.

2019-01-05T19:41:20+01:00 0 коментари