БРОДСКИ, Јосиф

БРОДСКИ, Јосиф (Ленинград, 24. Ⅴ 1940 – Њујорк, 28. Ⅰ 1996) – руски поет, нобеловец. Со поезија и превод се занимава од 1963. Истата година бил обвинет за „паразитизам”, а неговите стихови биле опишани како мешавина од декаденција, песимизам, модернизам и „чисто дрдорење”. Поради тоа бил осуден на пет години прогонство и принудна работа, па по една година бил помилуван. Тогаш во повеќе земји се појавиле преводи од неговите песни, а на руски јазик во Њујорк излегла книгата Песни и поеми (1965). Потоа излегува и Станица во пустината (1970). Во 1976 во Америка ја објавил книгата Вид говор. Во 1987 добил Нобелова награда, а во 1991 г. Златниот венец на СВП. БИБ.: Крај на прекрасната епоха, 1977; Уранија, 1987 и др. Најпозната есеистичка книга му е Помалку од едно, 1986. ЛИТ.: А. Поповски, Човек кој нема да се врати на местото на понижувањето, „Поезија”, СВП, Струга, 1991. П. Гил.

2019-01-05T19:41:20+00:00 0 коментари