БРКИЌ, Светозар

БРКИЌ, Светозар (Обровац на Зрмања, Хрватска, 1916 – Бел-град, 1993) – истакнат српски познавач на американската литература и нејзин пројавен преведувач, коментатор и афирматор на српски јазик; критичар, есеист и литературен историчар. Се занимавал и со македонската литература, во текот на својот престој во Скопје како професор по англиска и американска литература на Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, за што најилустративно говори неговата книга „Македонски теми и други есеи” (Скопје, 1989). Студирал во Белград и Бристол. Дипломирал на Белградскиот универзитет (1939). Предавал англиска и американска литература на универзитетите во Нови Сад, во Бел-град и во Скопје. ДЕЛ: Искушение на светлината, песни, 1971; Светол улов, есеи, 1972; А над зародокот – табан, раскази, 1974; Антологија на современата англиска поезија, 1957 и 1975 (заедно со Миодраг Павловиќ). Г. Т.

2019-01-05T19:41:20+01:00 0 коментари