//БРЕГАЛНИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ОДРЕД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

БРЕГАЛНИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ОДРЕД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

БРЕГАЛНИЧКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ОДРЕД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (месност Пчеларник, Штипско, 19. Ⅴ 1943 – месност Врши Дол, Виничко, 21. Ⅴ 1943) – партизанска единица на НОВ и ПОМ. По интензивните подготовки за формирање, Вера Ацева, член на ПК на КПЈ за Македонија, го известила ПК дека е определено оперативното раководство и зоната на дејствувањето на Одредот (8. Ⅴ 1943). На определениот ден (19. В) на зборното место првин излегле 8 борци, кои го претставувале јадрото на Одредот. Но попат, кон базата на пл. Плачковица, биле предадени на бугарската полиција и дошло до борба кај месноста Врши Дол, Виничко (21. В), при што Одредот бил разбиен и притоа загинале народниот херој Ванчо Прке, Тодор Арсов и Александар Митрев. Борците Ѓошо Сламков и Митко Ушински успеале да го пробијат обрачот, а заробените борци Ванчо Китанов, Никола Нехтенин и Митко Цеков подоцна биле убиени во полициските мачења. ЛИТ.: Љубен Георгиевски-Љупта, Студенти револуционери, Ⅱ дел, Скопје, 1973, 20-24; Штип и Штипско во народноослободителната војна 1941-1945, Прилози од научниот собир одржан на 17, 18 и 19 мај 1990 во Штип, книга 1-4, Скопје, 20002001. С. Мл.

2019-01-05T19:41:19+01:00 0 коментари