БРАЈКОВСКИ, Живко

БРАЈКОВСКИ, Живко (с. Беличица, Гостиварско, 5. IX 1917 – Тетово, 20. Ⅷ 1963) – првоборец, политичар и општественик. Како припадник на НОД (1941), бил член на КПЈ (1942), борец на Мавровскиот НОПО (1943) и член на Реонскиот комитет на КПЈ во Маврово, а од септември и секретар на Околискиот комитет на КПМ за Мавровско (1943–1945). По Ослободувањето бил секретар на Комитетот на КПМ за установите при Владата на НРМ, инструктор на ЦК на КПМ, секретар на Обласниот комитет на КПМ за Скопје и член на ЦК на КПМ (1948) Носител е на Партизанска споменица 1941. ИЗВ.: ДАРМ Скопје, ракописна биографија, ф. „Биографии“. Вл. Ив.

2019-01-05T19:41:18+01:00 0 коментари