БРАЖАНСКИ, Димче

БРАЖАНСКИ, Димче (Скопје, 6. XI 1923 – Скопје, 23. Ⅳ 1976) – припадник на првата генерација македонски новинари. Во повоените години почнал во „Млад борец” и во Радио Скопје. Од 1953 г. повеќе од две децении е на значајни функции во „Нова Македонија” (уредник на Скопската и на Внатрешно-политичката рубрика, коментатор). Го уредувал и неделниот прилог „Вечер”, претходник на истоимениот дневен весник. Во 1972 г. прв дописник на „Нова Македонија” од Москва. Учесник во НОБ, во еден мандат пратеник во Собранието на СРМ. Б. П. Ѓ.