БОЈКУ, Фејзи

БОЈКУ, Фејзи (Бојку, Фејзи) (с. Велешта, Струшко, 24. Ⅲ 1937) – писател, публицист и преведувач. Основно училиште завршил во родното место, а средно училиште, Педагошка академија и студии по албански јазик и книжевност во Скопје. Неколку години работел како учител во струшките села. Од 1970 г. работи како новинар и уредник во НИП „Нова Македонија“ („Флака“) и во списанијата за деца на албански јазик „Г’зими“ и „Фатоси“. Пишува поезија и проза за деца. Преведува од македонски на албански јазик и обратно. Член е на ДПМ (1974). БИБ.: Првите цутови, 1968; Добробит за сите, 1970; школски ѕвона, 1971; Песни за буквите, 1972; Септември на едно детство, 1973; Џемпер, 1981; Ти го имаш моето срце, 1992; Орото влезе дома, 1974; Боите на моето небо, 1976; Белите пеперутки, 1980; Зборови и бранови, 1987. Н. С. Боксерот Примислав Димовски во акција

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.