БОЈКО

БОЈКО – еден од дарителите за изработка на фрескоживописот во црквата „Св. Петка” во с. Побужје (Скопско) во 80-тите г. на ⅩⅤ в. Негово дарение била претставата на апостол Петар. Подоцна (1500) црквата повторно била сликана од други зографи, но притоа било почитувано постарото сликарство. ЛИТ.: З. Расолкоска-Николовска, Црквата „Света Петка” во с. Побужје, „Зборник на Археолошкиот музеј на Македонија”, Ⅹ–XI, Скопје, 1983, 38–50. З. Р.-Н. Фејзи Бојку

2019-01-05T19:41:14+00:00 0 коментари