БОЈАЏИЕВ, Тодор

БОЈАЏИЕВ, Тодор (Скопје, 25. XI 1948) – композитор, аранжер и пијанист. Своето композиторско деби го има на фестивалот во Суботица, Младина ‘72, со песната „Спомен мој далечен”. Како автор учествувал и на повеќе изданија на Скопскиот забавен фестивал, на кој добивал и награди (1975, со песната „Бакни ме”; 1976, „Те љубам”; 1977, „Кажи ми”). Учествувал и на други македонски фестивали. Напишал музика за неколку театарски претстави. На полето на класичната музика создал десетина композиции, главно, во периодот 1997– 2006 г. Во 2005 г. го издаде авторскиот албум „Ѕвездени ноќи”, со 15 инструментални композиции содадени во изминатиот период. М. Кол. Тодор Бојаџиев БОЈАЏИЕВ, Тодор Благоев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.