БОШНАКОСКИ, Драган

БОШНАКОСКИ, Драган (Галичник, 12. Ⅵ 1934) – архитект и дизајнер. Дипломирал на Академијата за применета уметност – Отсек за внатрешна архитектура во Белград (1959). Познат по синтезата на ликовната уметност и архитектурата, користејќи ги традиционалните архитектонски форми. Самостојно излагал во Скопје (1959 и 1973). Внатрешно уредил повеќе конаци, „Св. Пантелејмон” во Скопје, во манастирот „Св. Прохор Пчињски” – музејска поставка на Првото заседание на АСНОМ (1969, 1989), „Св. Софија” во Охрид (1964) – проект на ентериер за концертни изведби и иконостасот во соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје (1982). Бл. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.