//БОШНАКОВСКИ, Јован Александров

БОШНАКОВСКИ, Јован Александров

БОШНАКОВСКИ, Јован Александров (Берово, 17. Ⅲ 1942) – ветеринар, редовен проф. на ФВМ во Скопје. Докторирал на В. ф. во Љубљана (1992). Има објавено 82 научни и стручни трудови. Бил на специјализација (1976/77) на Корнел универзитетот во САД, во ИАЕА-Саиберсдорф во Виена (1995), во Ветеринарниот институт Хановер (1989), како и во Париз, Лион и Лелистад, Холандија (1995), Упсала, шведска (2001). Соработник е на постдипломските студии (Темпус-Пхаре) при МАНУ (1999/ 2000). Експерт е на ИАЕА – Виена (2002). Валидирал нови дијагностички методи за бруцелоза кај овците и козите. Член е на ЕУ-ЦОСТ Комисијата за научни проекти во земјоделството, храната и биотехнологијата. Почесен член е на Академијата за ветеринарна медицина при Српското ветеринарно друштво. М. Д. – Ј. Б. Драган Бошнакоски

2019-01-05T19:41:18+00:00 0 коментари