БОШКОВСКИ, Петар Т

БОШКОВСКИ, Петар Т. (с. Острилци, Крушевско, 9. Ⅰ 1936 – Скопје, 13. Ⅶ 2006) – поет, романсиер, есеист, крититичар, драмски автор, преведувач, антологичар. Бил уредник во Македонското радио и уредник на сп. „Разгледи”. Неговиот модерен поетски сензибилтет понира длабоко во мислата и смислата на индивидуалното и негово вкоренување во колективното меморирање. ДЕЛ: стихозбирки: Суводолица, Ск., 1962; Постела од трње, Ск., 1970; Небесен камен, Ск., 1985; Бел ветер, Ск., 1991; Вториот источен грев, Ск., 1994; Вратика, Ск., 2005; критики и есеи: Огледи и критики, Ск., 1978; Критички одѕиви, Ск., 1986; Премрежето на критиката, Ск., 2003; романи: Црниот бик, Ск., 1995; Никаде место, Ск., 1996; Лилјаци, Ск., 1998; Ѕвезди на пладне, Ск., 2001; драма: Александар на исток, Ск., 1994. В. Тоц. БОШКОВСКИ, Трпче Ганчов

2019-01-05T19:41:18+00:00 0 коментари