БОШКОВСКИ, Владимир

БОШКОВСКИ, Владимир (Скопје, 5. Ⅰ 1944) – архитект. Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет (Архитектонски оддел) во Скопје (1968). Истата година е избран за асистент, а потоа и во другите наставнички звања. Од 1998 г. е редовен професор на Архитектонскиот факултет по предметите Архитектонски конструкции 1 и Структурни системи и технологии на градење. Се занимава со научноистражувачка работа и со проектантска дејност. Учествувал на повеќе анонимни архитектонско-урбанистички конкурси. Посебен интерес покажува во проучувањето на традиционалната архитектура. Позначајни реализирани објекти: објекти за фирмата „Мицео еџпорт-импорт“ во Скопје (1995) и станбен објект во истиот комплекс (1995); реконструкција на ОУ „Петар Поп Арсов“ во Велес (2000, коавтор); бизнис центарот „Адинг“ во Скопје (2004). ЛИТ.: Љ. Филиповски, Станбени и црковни објекти во село Тресонче, Зборник на Архитектонскиот факултет, 1, Скопје, 1977, 39–52; –, Архитектонски вредности и влијанието на материјалите врз конструкцијата во македонската традиционална архитектура, „Зборник на Архитектонскиот факултет”, Скопје, 1980, 115–130; –, Архитектонските вилери на малореканските села Росоки и Селце, „Културно наследство” 22–23, Скопје, 1997, 247–268; –, Архитектурата на малореканското село Осој, „Културно наследство” 24-25, Скопје, 1999, 125–138; –, Автохтоната архитектура на село Гари, „Културно наследство” 24–25, Скопје, 1999, 139–152. Кр. Т.

2019-01-05T19:41:18+00:00 0 коментари