БОШКОВИЌ, Ѓурѓе

БОШКОВИЌ, Ѓурѓе (Белград, 11. Ⅳ 1904 – Белград, 29. XI 1990) – историчар на уметноста и архитектурата и археолог, унив. професор, член на МАНУ надвор од работниот состав (од 26. Ⅻ 1974). Дипломирал на Техничкиот факултет (Архитектонски отсек) во Белград (1928). Првин бил кустос на Историско-уметничкиот музеј во Белград (1930-1934), а потоа преминал на работа на Техничкиот факултет. Во текот на Втората светска војна бил во заробеништво (1941), а подоцна во казненички логор (1943). Бил избран за почесен доктор на Универзитетот во Белград (1971) и член на ЈАЗУ (1976), претседател на Националниот комитет и потпретседател на Интернационалниот комитет за словенска археологија (УИАС), претседател на Националниот комитет и член на Интернационалниот комитет за историја на уметноста (ЦИХА). Ја проучувал и материјалната и духовната култура на Македонија, посебно во средниот век. Вршел конзерваторски работи во Старо Нагоричане, Кумановско. БИБ.: Архитектура средњег века, Београд, 1957 ( Ⅳ изд. 1976). ЛИТ.: А. Стојаковић, –урÚе Бошковић, „Гласник Друштва конзерватора Србије“, 1, Београд, 1978, 7&8. С. Мл.

2019-01-05T19:41:18+00:00 0 коментари