БОШКОВА, Марија

БОШКОВА, Марија (Мери) (Битола, 2. Ⅴ 1924) – драмска и филм-ска актерка, меѓу водечките македонски театарски уметници. Изградила широк репертоар од лирски до драмски и карактерни улоги, а посебно се истакнува во делата на современите странски и наши писатели. Два периода е во МНТ (1945–1956 и од 1963 до пензионирањето, 1982); во меѓувреме е во Народното позориште во Бел-град (1957–1963). Улоги: Бароницата Кастели („Господа „Глембаеви”); Живка („Госпоѓа министерка”); Дездемона („Отело”); Антигона, Нора, Коломба во истоимените претстави; Ежени Ди-боа („Еригон”) и др. Филмски улоги: „Фросина”; „Мирно лето”; „До победата и по неа”; „Најдолгиот пат”; „Ангели на отпад” и др. Р. Ст.

Напишете коментар