БОШЕВСКИ, Ристо Јосипов

БОШЕВСКИ, Ристо Јосипов (с. Журче, Демирхисарско, 7. XI 1948) – бригаден генерал на АРМ. Завршил средно училиште во Битола и Воена академија на ЈНА во Задар (1975). Бил командир на вод, батерија и артилериски дивизион на ЈНА. Во АРМ (од 1992) бил началник за организацискомобилизациски работи во корпус, командант на граничен баталјон и на пешадиска бригада. Бил унапреден во бригаден генерал (18. Ⅵ 2001), а наскоро потоа разрешен од должноста (24. IX 2001). В. Ст. Томе Бошевски

Напишете коментар