БОШАЛЕ, Никола

БОШАЛЕ, Никола (Охрид, 27. Ⅶ 1929) – универзитетски професор, социолог. Основно образование завршил во родното место, а учителска школа во Битола. Дипломирал педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Постдипломски стидии по социологија завршил во Белград, а докторат по социолошки науки одбранил во Скопје (1975). Бил професор во Вишата туристичка школа во Охрид. Втемелувач на социологијата на туризмот како засебна научна дисциплина во РМ. Забележани се неговите трудови за скопскиот земјотрес од 1963 г. и за развојот на научното творештво во Македонија. Бил член на Извршниот комитет на ЦК на СКМ (1968-1974) и пратеник во Собранието на СРМ (1974-1982). ЛИТ.: Филозофски факултет 1946-1976, Скопје, 1976. Ил. Т.