/БОШАВА

БОШАВА

БОШАВА – река, десна притока на Вардар. Извира во подножјето на планината Кожув, на височина од 1.070 м, а се слива во Вардар пред Демиркаписката Клисура на височина од 95 м. Долга е 51,5 км, има вкупен пад од 979 м и просечен пад 19,0 %. Сливот зафаќа по2 вршина од 467,7 км . Нејзини најголеми притоки се Дошница и Боулска Река. Значаен дел од сливот има пороен карактер. Др. В.

2019-01-05T19:41:17+01:00 0 коментари