БОЦЕВСКИ, Владимир

БОЦЕВСКИ, Владимир (Куманово, 3. Ⅵ 1947) – кошаркар. Завршил Средно фискултурно училиште во Скопје (1968). Член е на Кошаркарскиот клуб „Партизан” во Куманово (1960– 1963), „Работнички” од Скопје (1963–1979) и КК „Куманово”. Бил еден од најдобрите играчи, со што придонел за успесите на своите екипи. Одиграл 49 натпревари за младинската и сениорската репрезентација на Југославија (1968–1973). Настапил и на Балканското првенство во Скопје (1977). Д. С. Марко Бочвар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.