БОЦЕВСКИ, Боте

БОЦЕВСКИ, Боте (Боро) (Скопје, 21. Ⅰ 1921 – с. Каталинец, Врањско, Боте Боцевски 3. Ⅳ 1943) – браварски работник, комунистички деец и првоборец. Завршил три класа вечерно занаетчиско училиште. Бил член на СКОЈ (1939), на ПК на СКОЈ за Македонија и на МК на КПЈ во Скопје (1940), организатор на штрајкови на металските работници. По фашистичката окупација бил учесник во диверзантските акции во Скопје, борец на Првиот скопски НОПО (август 1941), борец на НОПО „Пе-ре Тошев” (од пролетта 1942) и илегален партиски активист во Струмица, Куманово и Врање (летото 1942 – пролетта 1943). Загинал во заседа на бугарската полиција на пат за Скопска Црна Гора. ИЗВ.: Стојан Илиќ, Боцевски Боте, мемоарски ракопис во Архивот на Скопје.ЛИТ.: Боро Трајковски, Формирање на Првиот скопски партизански одред, „13 Ноември”, бр. 10, Скопје, 1971, 11; Митре Инадески, Првата година на НОВ и Револуцијата, Скопје, 1973; истиот, Хронологија на Скопје, Скопје, 1974; Крсто Здравковски, Да не се заборави, Споменици и спомен белези од НОВ во Скопје, Скопје, 1982. С. Мл. Владимир Боцевски