БОТУШАНОВ, Иван

БОТУШАНОВ, Иван (Јакоруда, Разлошко, 9. Ⅲ 1874 – с. Ладжене, Черпинско, Бугарија, 2. IX 1919) – револуционер, учесник во Илинденското востание. Од 1898 г. станал член на ТМОРО. Бил секретар на Стефо војвода во Леринско (1902), а по смртта на војводата ја предводел четата и дејствувал во Леринско и во Воденско. Учествувал во Илинденското востание како војвода во Разлошко и во Балканските војни. ЛИТ.: Н. Димитров, Пирински хайдути, Благоевград, 1972. Ал. Тр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.