/БОТИАЈА

БОТИАЈА

БОТИАЈА – античка област во средишниот дел на Македонија меѓу Пиерија и Елимеја на југ, Еордаја на запад, Алмопија на север и Амфакситида на исток. Долниот тек на Халијакмон (ден. Бистрица) и пл. венци на Бермион и Пајак претставуваат нејзини природни граници. Кај античките автори најчесто се спомнува како посебна област и тоа како област во која првиот македонски крал Пердика, според пророштвото, треба да основе град – престолнината на македонските кралеви – Ајга; тука е и втората престолнина Пела; гр. Бероја станува седиште на римскиот провинциски коинон. Во римско време се споменуваат градовите: Кир, Скидра, Миеза, Ихне, Алор, Тириса и др. ЛИТ.: Страбо, Геограпхѕ, Харвард Университѕ Пресс, 1959–1960; Тхуцидидес, 4 волс., Харвард Университѕ Пресс, 1958; Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје 1957. А. шук.

2019-01-05T19:41:17+01:00 0 коментари