БОСАНАЦ, Томо

БОСАНАЦ, Томо (Стари Плавници, РХ, 15. Ⅴ 1918 – 12. Ⅷ 2003) – ел. инж., д-р на технички науки, ред. проф. на ЕТФ во Загреб, Хрватска. Тој е член на ЈАЗУ (ХАЗУ) и член на МАНУ надвор од работниот состав (1994). Работејќи во фабриката „Раде Кончар” (каде што еден период бил и директор) реализирал голем број комплексни проекти меѓу кои и генераторите за ХЦ „Вруток”, РМ. Од владата на ФНРЈ ја добил наградата „Никола Тесла” (1949). Бил директор на Институтот „Руѓер Бошковиќ” во Загреб. Работел на фреквентни инвертори и на нивната примена главно за термички цели. Книги: „Нуклеарна пропулзија” (со Булјан и Стибиљ), „Електромагнетни полиња” и др. ЛИТ.: „Билтен на единаесетто изборно собрание”. Посебно издание – реферати и прилози, МАНУ, Скопје, март 1994. Др. Р.

2019-01-05T19:41:17+00:00 0 коментари