БОРЕЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

БОРЕЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА. Овој спорт датира од 1958 г., кога во Штип е формирана Боречка секција во слободен стил, еден од видовите боречки спортови, чиишто натпревари се одвиваат според правилата на Меѓународната боречка федерација (ФИЛА). Првиот натпревар во борење во грчко-римски и во слободен стил е одржан на Тримечот меѓу Скопје, Тетово и Штип (1960). Поради долгата традиција на пеливанството во Македонија преовладало борењето во слободен стил. На Балканското првенство во Скопје (1961) македонскиБорачи те борачи во слободен стил освоиле 4 сребрени и 2 бронзени медали. Најголемите успеси на сите врвни домашни и меѓународни натпреварувања се постигнати подоцна (1975 до 1985). Во сениорската конкуренција на олимписките игри биле освоени златен, сребрен и 3 бронзени медали, на светските првенства – 3 сребрени и 1 бронзен, на европските првенства – 5 златни, 4 сребрени и 7 бронзени, на медитеранските игри – 8 златни, 11 сребрени и 7 бронзени медали, како и голем број медали на балканските и на југословенските првенства. Голем придонес за овие успеси дале тренерите Ристо Таков, Бојан Рангелов, Фоти Ѓатовски, Ментас Алајбегу и други. Ф. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.