//БОРЕАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

БОРЕАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

БОРЕАЛНИ РЕЛИКТИ ВО ФЛОРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – еволутивно стари растителни видови што се развиваат во иглолисните шуми на територијата на РМ, а се населиле во глацијалниот и во интерглацијалниот период. По терциерот биле распространети во бореалната зона, во најсеверните делови на Холарктикот (Евроазија и Северна Америка), а во текот на глацијалниот период мигрирале на Балканскиот Полуостров. Позначајни бореални реликти регистрирани во флората на РМ се: Пицеа абиес, Листера цордата, Цораллорхиза трифида, Вацциниум витис-идаеа, Полѕгонум бисторта и др. Вл. М.

2019-01-05T19:41:16+01:00 0 коментари