БОРДУН

БОРДУН (бурдон) – тон што звучи на една непроменлива тон-ска висина, типична за музицирање на изворните народни инструменти (гајда, кавал, зурла, тамбура, гусле). Кај двогласното народно пеење „со слагање“, вториот глас почесто бордунира на една тонска висина, но понекогаш бордунски промени се јавуваат преку честите зафаќања на долниот соседен тон. Ѓ. М. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.