БОРБАТА НА ЛИСЕЦ

БОРБАТА НА ЛИСЕЦ (16. Ⅷ 1944) – борба помеѓу бугарската 17. дивизија и Четвртата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ. Бугарската дивизија презела офанзива на пл. Плачковица, на врвовите Паруџа и Лисец, за да ја разбие бригадата. Борбите на Ли-сец траеле од 14.00 до 18.00 часот. Офанзивата била запрена, баталјоните на бугарската дивизија биле разбиени. Бугарските загуби биле 46 загинати и 12 заробени војници. Македонските загуби биле 9 загинати и 6 ранети борци. ИЗВ. иЛИТ.: ДАРМ, ф. 276, Ⅳ бригада, к. 44-а, арх. бр. 5763; Зборник НОР, Ⅶ, к. 4, 66. В. Ст. Самоубиените востаници по битката на врвот Ножот (1907) Свештарот, заменик командантот на НО баталјон „Мирче Ацев“ Мите Трпески и заменикот-политички комесар на НО баталјон „Мирче Ацев“ Трајан Белев-Гоце. ИЗВ.: Кичево и Кичевско во НОВ 19411945. Документи. Избор и редакција: В. Јотевски, д-р С. Младеновски и Ѓ. Чакарјаневски, Кичево, 1985, 204-206.