//БОРБАТА КАЈ с КАРБУНИЦА

БОРБАТА КАЈ с КАРБУНИЦА

БОРБАТА КАЈ с КАРБУНИЦА (4. Ⅷ 1903) – борба помеѓу македонските востаници и османлиската војска и башибозук. Селото го бранел востанички одред од околу 200 востаници, предводени од Арсо Мицков. Околу 8.00 часот еден баталјон од околу 800 османлиски војници и башибозукот од околните албански села го нападнале селото. По четвртиот обид го зазеле. Борбите се пренеле кај месноста Ѓурѓевица, каде што пристигнале уште 500 востаници. Османлиската војска добила засилување од кичевскиот гарнизон и албанскиот башибозук. По силниот напад на востаниците, османлиските сили и башибозукот се разбегале. Востаниците учествувале со 700 борци, а имале 30 загинати. Османлиските сили и башибозукот (околу 1500 воружени лица) имале 120 загинати. ЛИТ.: Дневници и спомени за Илинденскопреображенското въстание, София, 1984. В. Ст.

2019-01-05T19:41:16+00:00 0 коментари