БОРБАТА КАЈ СЛИВА

БОРБАТА КАЈ СЛИВА (1903) – борба помеѓу македонските востаници и османлиската војска во времето на Илинденското востане. Османлиската војска (5.000 војници) настапувала од правецот Кичево–Пуста Река за напад на Крушево. Во месноста Слива позициите за одбрана ги зазела четата на Ѓорги Стојанов (40 востаници, меѓу кои и една девојка во брсјачка носија), за да ја задржи војската за извлекување на населението. По пробивот на војската во рововите, преостанатите девет востаници (меѓу нив и девојката) се самоубиле. По заземањето на позициите, командантот наредил почесна стрелба за загинатите востаници. ЛИТ.: Ристо Дамјановски, Востаната Македонија, Скопје, 1990. В. Ст.

2019-01-05T19:41:16+00:00 0 коментари